Како Скопје се загрева во зима?

Скопје е еден од градовите во Европа со највисокo ниво на загадување на воздухот.

Загадувањето на воздухот носи ризици по здравјето на сите граѓани на Скопје, но најмногу ги погодува ранливите категории – лицата со хронични заболувања, децата и највозрасните.

Преземањето итни акции за намалување на загадувањето е од најголема важност.

Загревањето на домаќинствата во Скопје е најголемиот извор на загадувањето на воздухот, со најмалку 30% од вкупните емисии на токсични честички.

Истражувањето што го спроведе УНДП на примерок од 5044 домаќинства покажува дека само 21% од домаќинствата се приклучени на системите за централно греење, додека дури 45% од домаќинствата ги загреваат своите домови со огревно дрво.

Согорувањето на огревното дрво е еден од начините на греење што најмногу загадува. Покрај дрво, сиромашните семејства, користат и други уште поштетни материјали за греење кои можат да предизвикаат респираторни заболувања.

Од тие причини, многу е важно да се најдат алтернативни решенија за греење на домаќинствата за да се намали загадувањето и да се заштити здравјето на луѓето.

Над 90% од домовите немаат воопшто или имаат недоволна термичка изолација на фасадите и покривите.

Најголем број на испитаници изјавиле дека доколку имаат на располагање таква опција, би користеле кредит од банка за да ја подобрат изолацијата на своите живеалишта и да имплементираат други потребни мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Тие се свесни дека таквите мерки ќе придонесат за намалување на потребната енергија за греење и дека со тоа ќе придонесат кон намалување на загадувањето, а за возврат ќе ги намалат месечните трошоци за греење.

▼ Зошто е направено истражувањето? ▼

Успешноста на политиките и мерките кои се креираат за намалување на загадувањето на воздухот зависи меѓу другото и од расположивоста на примарни податоци собрани на терен од кои ќе се согледа фактичката состојба. Но, анкетите спроведени претходно за начините на греење во Скопје не овозможуваат соодветни анализи и креирање на политики на микро ниво.

Ова истражување е прво сеопфатно истражување за начините на греење на толку голем број на испитаници што е спроведено во Скопје. Опфатени се 5,044 домаќинства во сите 17 урбани и рурални општини во Скопската котлина. Овој примерок е репрезентативен и овозможува анализи на податоците на ниво на општина, или дури и населба.

Истражувањето се реализираше во Јануари 2017 година, од страна на професионални анкетари со користење на мобилната алатка Placeformer. Оваа иновативна алатка овозможува собирање на податоци од голема група на граѓани во краток временски период и географски означени информации кои можат да се користат за дизајнирање на политики и мерки на локално и микро ниво (дури и на ниво на населби), но и на регионално и национално ниво.

РЕЗУЛТАТИ

▼ Број на анкетирани домаќинства по општина ▼
Скопски регионУрбани населбиРурални населбиВкупно
Аеродром58426610
Арачиново0102102
Бутел201116317
Гази Баба460227687
Ѓорче Петров213148361
Зелениково13536
Илинден0119119
Карпош5259534
Кисела Вода44346489
Петровец06161
Сарај4306310
Сопиште05656
Студеничани0142142
Центар4230423
Чаир5590559
Чучер Сандево06060
Шуто Оризари1780178
ВКУПНО359114535044

Место на живеење:

Колку лица живеат во домаќинството?

Најголемиот дел (97%) од испитаниците во руралните населби живеат во куќи. Само 3% живеат во станбени згради.

Просечната големина на куќа е 88 м2, а просечна големина на стан е 65 м2.

Како се греат домаќинствата во Скопје?

На што се греат домаќинствата во Скопје, по општина? (PDF)

Какво гориво користите како основно за загревање на објектот?

Колку часа дневно го греете станот/ куќата?

Системите за централно греење се инсталирани само во делови од урбаните населби на градот, и најчесто се користат од домаќинствата кои живеат во станбени згради. Огревното дрво се користи од преку30% од домаќинствата во урбаните делови и дури 85% oод домаќинствата во руралните области. Поголемиот број од домаќинствата кои се греат на огревно дрво користат едноставни системи за греење и голем дел од нив не се доволно ефикасни.

Колку m3 дрво трошите за една грејна сезона?

Сите домаќинства не можат да си дозволат да го загреваат целиот објект во кој живеат. Резултатите покажуваат дека:

  • Семејствата со приходи до 9.000 МКД загреваат од 25-33% од објектот во кој живеат.
  • Повеќе од 45% од семејствата со приходи повисоки од 27,000 денари/ч/, го загреваат целиот објект во кој живеат.
  • Повеќе од 76% од семејствата кои користат огревно дрво загреваат 50% % или помалку од објектот во кој живеат.
  • Повеќе од 50% од домаќинствата кои користат пелети го загреваат целиот објект во кој живеат.

Каков вид уред за греење (на дрва) користите?

Колку е стар уредот за греење?

Според кои критериуми избирате начин на греење?

Цена на инвестиција

35

Цена на месечен трошок

39

Можност за автоматска работа

11

Колку уредот загадува

2

Друго

14

  • Висината на почетната инвестиција е најважниот критериум според кој испитаниците одбираат како ќе го загреваат својот дом
  • 40% од испитаниците изјавиле дека одлуката за начинот на греење зависи од месечните трошоци.
  • Само 1% од испитаниците ја носат нивната одлука врз база на тоа колку тој начин на греење загадува.
  • Сепак, ако трошоците за греење се исти, сите испитаници би одбрале систем што помалку загадува.

Дали би се приклучиле на централно греење, ако Ви е достапно и ако цената на годишниот трошок за греење е малку повисока од постојното?

Да

45

Не

35

Веќе сум приклучен

20

Кога би бирале, независно од цената на инсталацијата на опремата и месечниот трошок, кој систем на греење би го одбрале за вашиот стан/куќа?

Ако испитаниците имаат пристап до некој систем за централно греење и ако цената на годишниот трошок за греење е малку повисока од тоа што веќе го имаат инсталирано, тие ќе одберат систем за централно греење.

Интересот и знаењето на испитаниците за топлински пумпи е особено низок – а тие се едно од најевтините, најбезбедни и најмалку загадувачки начини на греење.

Дали во вашата околина има жители кои се греат на алтернативни штетни горива или користат такви горива како додаток на огревно дрво, на пример: пластични шишиња, сено, прегорено масло, лакирани или фарбани дрва, паркет, прозорци и сл?

Да

45

Не

35

Не знае

20

Една третина од испитаниците изјавиле дека има домаќинства во нивното соседство кои користат дополнително опасни материјали за греење. Ова појава се забележува подеднакво и во урбаните и во руралните области.

Жителите на општините кои не се поврзани на системите за централно греење имаат тенденција на користење биомаса, пластика и други отровни материјали (јоргани, гумени чизми и др.) за греење. Оваа пракса е особено опасна, бидејќи го загадува и амбиенталниот воздух но и воздухот во просториите каде се живее, и предизвикува тешки респираторни заболувања.

ПРЕПОРАКИ

Како треба да загреваме

Калкулатор за греење

За најлесен избор на нова технологија за греење, на најекономски начин, но имајќи ги во предвид и ефектите врз животната средина

прегледај